„Време е едноставно да завршиме со ова. Ќе го завршиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом ќе можат да ја договорат.
Трамп денес повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дојде на мировните преговори со Украина што се одржуваат во Турција, припишувајќи го тоа на своето отсуство.
„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не сум таму“, тврди Трамп, кој вчера рече дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лично.
Американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настан на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.