петок, 13 март 2026

Трамп сака нов нуклеарен договор кој би ја вклучувал и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, пренесува Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во септември рускиот претседател Владимир Путин предложи двете земји доброволно да ги задржат ограничувањата за распоредено стратегиско нуклеарно оружје предвидени во договорот Нов СТАРТ, кој истекува на 5 февруари.

„Ако истече, истече. Едноставно ќе склучиме подобар договор“, рече Трамп во интервју за Њујорк тајмс. Тој додаде дека Кина треба да биде вклучена во секој иден договор за контрола на нуклеарно оружје.

Портпаролите на руската и кинеската амбасада во Вашингтон не одговориле веднаш на барањата за коментар.

Договорот Нов СТАРТ беше потпишан во 2010 година и не може повторно да се продолжи. Договорот дозволуваше едно продолжување, кое го искористија Владимир Путин и тогашниот американски претседател Џо Бајден во 2021 година, продолжувајќи го на пет години.

Нов СТАРТ го ограничува распоредувањето на американските и руските стратегиски нуклеарни боеви глави на 1.550, а бројот на нивните платформи – интерконтинентални ракети, стратегиски бомбардери и подморници – на максимални 700.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ