„Новиот светски лидер свечено „го пустоши“ својот сојузник, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, исполнувајќи го заедничкото барање на рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Американската влада наредила итна ревизија на одржливоста и продолжувањето на работата на базата Александруполис, која грчката влада ѝ ја додела на администрацијата на Џо Бајден за да распореди сили и оружени системи во Украина против Русија“, се наведува во текстот на Демократија.
Како што се додава, бидејќи директните преговори меѓу САД и Русија за судбината на Украина се сметаат за позитивни и продуктивни, администрацијата на Трамп повеќе нема да испраќа американска опрема и персонал во Киев, што значи дека американската база во Александруполис може да се смета за непотребна.
„оваа одлука на американската влада најмногу ѝ одговара на Русија на Владимир Путин, кој од самиот почеток на руско-украинската криза ја постави Александруполис како цел и затоа Грција ја вклучи меѓу непријателските земји кон Русија“, се истакнува.
Затворањето на американската база во Александруполис ќе ја израдува и Анкара, а владата на Ердоган во повеќе наврати го изразуваше своето незадоволство од работата на базата, повикувајќи на нејзино моментално затворање.
Се додава дека базата во голема мера го неутрализирала монополот на Турција на мореузот Босфор.
„Напуштањето на базата Александруполис, која го олеснуваше копнениот транспорт кон север одминувајќи го мореузот и турските власти, би ѝ ја вратила на Анкара апсолутната контрола над влегувањето и излегувањето на воените и комерцијалните бродови во Црно и Егејско Море, на што Киев и Москва не се противат“, се додава.
Грчката влада ја поздрави американската база во Александруполис не само поради нејзиниот практичен придонес на борбите во Украина, туку и затоа што базата претставуваше фактичко признавање и доверба на Вашингтон во Атина како близок партнер на САД, и според тоа силен сојузник во НАТО.
Весникот истакнува и дека базата во Александруполис била „штит“ за Атина од какви било можни турски планови во пограничниот регион Еврос против Грција.
„Ако, по мирната проценка, грчките политички партии сметаат дека е потребно да ја одржат базата во Александруполис, ќе мора со убедливи аргументи да ја поткрепат причината за зачувувањето на оваа база, без оглед дали таа е американска или европска“, заклучува весникот.