четврток, 18 декември 2025

Трамп: САД нападнаа брод што превезувал дрога (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД извршиле напад врз брод за кој се тврди дека транспортирал дрога во регионот на Јужната команда (Саутком), која ги опфаќа Јужна и Централна Америка, како и Карибите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Трамп на социјалната мрежа Трут соушл изјави дека Пентагон го наредил нападот, при што биле убиени тројца членови на нарко терористичката група, пренесува Ројтерс.

Трамп додаде дека разузнавачките служби потврдиле дека бродот тргувал со нелегални наркотици и дека користел познати рути за шверц на дрога, што може да ги загрози американските граѓани. Сепак, американскиот претседател не соопшти точни детали за потеклото на бродот или за локацијата на нападот.

Нападот се случи во време на зголемена воена активност во регионот, вклучително и распоредување на пет американски авиони Ф-35 во Порторико, откако администрацијата на Трамп нареди распоредување на дополнителни „стелт“ ловци.

Во моментов во областа има најмалку седум американски воени бродови, како и една нуклеарна подморница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ