среда, 2 април 2025

Трамп: САД мора да го имаат Гренланд; ако ЕУ и Данска не го разбираат тоа, ќе им објасниме (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на новинарите во белата куќа дека Соединетите Американски Држави „мора да го имаат Гренланд“ поради глобалната безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ни треба Гренланд“, кажа Трамп. „Што е многу важно – поради меѓународната безбедност мора да го имаме Гренланд. Не е прашање дали можеме без него. Не можеме“.

Трамп тврди дека американската контрола над Гренланд е прашање на мирот „за целиот свет“, а не само за САД, пренесува Си-ен-ен.

„Видете, има воени бродови насекаде кои поминуваат точно покрај Гренланд. Нема да го дозволиме тоа“, додаде американскиот претседател.

Трамп кажа дека верува дека Данска и Европската унија го разбираат неговиот став за важноста на таа територија, но додаде со предупредување: „А ако не го разбираат, ќе мораме да им го објасниме“.

Гренландските политичари повеќе пати јасно дадоа до знаење дека се против анексија, а данската премиерка Мете Фредериксен го повика Трамп да ги почитува „основните правила на суверенитетот“.

Анкета спроведена во јануари покажа дека 85 отсто од жителите на Гренланд не сакаат да станат дел од САД, а речиси половина од анкетираните кажаа дека интересот на Трамп претставува закана, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ