понеделник, 15 декември 2025

Трамп: САД дадоа 60 милиони долари помош за Газа, ќе изградиме и центри за храна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека во Газа владее „вистински глад“ и дека САД таму ќе отворат центри за храна. „Ќе поставиме центри за храна, без огради, за да биде полесен пристапот“, изјави Трамп пред новинарите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тарнбери, каде што е сопственик на голф терен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој, исто така, рече дека САД ќе соработуваат со други земји за испраќање поголема хуманитарна помош за жителите на Газа. САД, рече Трамп, потрошиле 60 милиони долари за хуманитарна помош за Газа.

Стармер ја нарече хуманитарната ситуација во Газа „апсолутно неподнослива“ и додаде дека помошта мора веднаш да се достави до енклавата. „Треба да мобилизираме други земји за да помогнат во доставувањето на помошта и да, тоа вклучува и вршење притисок врз Израел бидејќи ова е хуманитарна катастрофа“, изјави Стармер.

Трамп, исто така, рече дека справувањето со палестинскиот Хамас во последно време е многу тешко, но дека разговара за „различни планови“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ослободување на израелските заложници кои се држени во заробеништво повеќе од 20 месеци.

Тој ја нагласи важноста за ослободување на заложниците што ги држеше Хамас во Газа, велејќи дека милитантната група го променила својот став и одбива да ги ослободи заложниците. Хамас сè уште држи 54 заложници, од кои повеќето се верува дека се мртви. Меѓу нив има и двајца Американци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ