сабота, 21 јуни 2025

Трамп: Путин си игра со оган

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека ако не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, мислам НАВИСТИНА ЛОШИ. Тој си игра со оган“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

Ставовите на Трамп кон Путин се менуваа од почетокот на неговиот мандат. Иако повремено упатуваше остри критики и размислуваше за санкции, тој зборуваше и за можностите за намалување на трговските бариери и привлекување американски инвестиции во Русија.

Но, во неделата, тој беше невообичаено остар. „Го познавам долго време, отсекогаш сме имале добри односи, но сега тој испраќа ракети врз градови и убива луѓе, а тоа воопшто не ми се допаѓа. Додека разговараме, тој испраќа ракети врз Киев и други градови. Тоа воопшто не ми се допаѓа“, рече Трамп тогаш.

Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори блиски до Трамп, објави дека Трамп размислува за воведување нови санкции врз Русија, бидејќи сè повеќе е фрустриран од континуираните напади на Русија врз Украина и бавниот напредок на мировните преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ