Разговорот, како што изјави американскиот претседател, траел околу еден час и 15 минути.
Трамп кажа дека Путин му порачал дека Русија ќе мора да одговори на нападот со украински беспилотни летала.
Американскиот претседател го опиша разговорот како добар, но истакна дека тоа не е разговор што веднаш ќе доведе до мир.
„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Владимир Путин на Русија. Разговорот траеше околу еден час и 15 минути. Разговаравме за нападот врз руските авиони на земја, кој го изврши Украина, но и за разни други напади од двете страни. Разговорот беше добар, но не беше разговор што веднаш ќе донесе мир.“
Претседателот Путин ми даде до знаење дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз руските воени воздухопловни бази. Исто така, се осврнавме на Иран и на фактот дека времето истекува за иранска одлука поврзана со нуклеарното оружје, а таа одлука мора брзо да се донесе! Му кажав на претседателот Путин дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и верувам дека се согласуваме за тоа.
Путин предложи да учествува во разговорите со Иран и дека можеби ќе може да помогне во решавањето на проблемот што е можно поскоро. Според мене, Иран намерно одложува одлука за ова важно прашање и многу брзо ќе мора да добиеме јасен одговор!“, рече Трамп на својата мрежа Трут соушал.
Trump says he “just” spoke with Putin. Their conversation lasted 1 hour and 15 minutes
The U.S. president discussed the recent attack on Russian airfields with Putin. pic.twitter.com/dTWrd2eIU2
— Global Peace Advocates (@RealKON_) June 4, 2025
Ова е првпат американскиот и рускиот претседател да разговараат по 19 мај. Тогаш разговорот траел два часа а Трамп го опиша како „извонреден“.