среда, 16 јули 2025

Трамп: Путин комплетно ПОЛУДЕ!

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина во текот на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам што му е. Што му се случи, по ѓаволите? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон.

Причината се руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта во неделата, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Малку подоцна, Трамп го даде истиот коментар на својата мрежа Трут сошл.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случило. Тој комплетно ПОЛУДЕ! Беспотребно убива толку многу луѓе, и не зборувам само за војници. Ракетите и беспилотните летала гаѓаат врз градовите во Украина без никаква причина. Јас отсекогаш велев дека тој ја сака ЦЕЛАТА Украина, не само еден нејзин дел, и можеби се покажува дека сум бил во право, но ако се обиде да го направи тоа, тоа ќе доведе д пропаст на Русија!

Исто така, претседателот Зеленски не ѝ прави услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Сѐ што ќе му излезе од уста прави проблеми, тоа не ми се допаѓа, и подобро да престане.

Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Ова е војна на Зеленски, Путин и Бајден, а не ‘на Трамп’. Јас само помагам да се изгаснат големите и грди пожари што беа подметнати поради голема неспособност и омраза.“

Руските сили истрелаа 367 беспилотни летала и ракети во текот на ноќта во неделата врз украинските градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, во најголемиот воздушен напад на војната досега, при што загинаа најмалку 12 лица, а десетици беа ранети.

Трамп се обидуваше да ги натера двете страни да се согласат за прекин на огнот во тригодишната војна во Украина, а минатата недела разговараше повеќе од два часа со Путин.

Тој ја покрена можноста за воведување дополнителни санкции кон Русија како одговор на тековните напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ