недела, 5 април 2026

Трамп призна дека САД им испраќале оружје на иранските демонстранти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави испратиле оружје наменето за иранските демонстранти преку курдските сили, со што ги потврди извештаите на Си-ен-ен од минатиот месец. Трамп го изјави ова денес во интервју за дописникот на Фокс њуз, Треј Јингст.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Трамп ми кажа дека Соединетите Држави испратиле оружје до иранските демонстранти. Ми кажа: „Им испративме многу оружје. Ги испративме преку Курдите“, ги раскажа Јингст деталите од телефонскиот разговор.

Новинарот додаде дека претседателот Трамп верува дека Курдите го задржале тоа оружје за себе.

Си-ен-ен минатиот месец објави дека САД ги вооружуваат курдските групи со цел да поттикнат народно востание во Иран. Планот бил вооружените курдски сили да се судрат со иранските сили, што би им олеснило на иранските цивили да излезат на улиците и да протестираат.

По тие написи министерот за одбрана Пит Хегсет им кажа на новинарите дека американските цели не се засноваат на вооружување одредени групи.

„Ниту една од нашите цели не се потпира на поддршка на вооружувањето на која било конкретна сила. Свесни сме дека други субјекти можеби го прават тоа, но нашите цели не се насочени кон тоа“, кажа Хегсет во тоа време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ