понеделник, 22 декември 2025

Трамп призна дека неговите царини за Кина не биле одржливи и најави средба со Си

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите предложени тарифи од 100 отсто за кинеските стоки не би билет одржливи, додавајќи дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг за две недели и дека верува оти односите со Кина ќе бидат во ред.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пекинг во соопштение од 9 октомври порача дека нема да дозволи извоз на ретки земни минерали за воена употреба.

Трамп одговори со закана со тарифи од 100 отсто за кинескиот увоз почнувајќи од 1 ноември и се закани дека ќе го откаже состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја закажан за крајот на октомври.

„Не е одржливо, но тоа е таа бројка. Знаете, можеби може да опастане, но ме принудија да го направам тоа“, кажа Трамп во интервју за Фокс њуз.

Кина одговори истакнувајќи дека не сака трговска војна со САД, но дека не се плаши од неа.

„Ќе видиме што ќе се случи со Кина. Отсекогаш сум имал добри односи со кинескиот претседател Си Џинпинг, како што знаете, но тие секогаш бараат предност“, додаде тој.

Соединетите Американски Држави, кажа тој, користат ретки минерали за производство на своите најважни оружени системи, како што се борбениот авион Ф-35 или ракетата „томахавк“.

Тој сепак потврди дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си и кажа дека Кина е тврд орев во преговорите.

„Мора да имаме фер договор, мора да биде фер. Имаме многу силен противник, но тие почитуваат само сила – тоа е вистина“, заклучи Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ