четврток, 12 јуни 2025
По телефонскиот разговор со Путин

Трамп: Преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат веднаш

Лидерите на САД и на Русија во понеделникот одржаа долг телефонски разговор, фокусиран на конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговорот со неговиот руски колега Владимир Путин „поминал многу добро“ и дека разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат „веднаш“.

Двајцата лидери денеска разговараа повеќе од два часа, првенствено за конфликтот во Украина. Путин исто така го опиша разговорот како „многу корисен“.

Во објава на Трут сошл кратко по денешниот разговор, Трамп напиша дека тонот и духот на разговорот биле „одлични“, додавајќи: „Ако не беше така, јас веднаш ќе го кажев тоа“.

„Русија и Украина веднаш ќе почнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, за КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, зашто само така може, затоа што тие ги знаат деталите од преговорите за кои никој друг не знае“, рече американскиот претседател.

Русија „сака да прави ТРГОВИЈА во големи размери“ со САД, тврди Трамп, додавајќи дека потенцијалното решавање на конфликтот би ѝ помогнало на Украина да стане „голем корисник“ и од трговијата.

„Постои огромна можност Русија да создаде огромни количества работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН“, напиша Трамп.

Претседателот на САД, исто така, рече дека „веднаш по разговорот“ со Путин, разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и со финскиот претседател Александар Стуб, информирајќи ги за својот разговор со рускиот колега.

„Нека почне процесот!“, напиша Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ