петок, 2 јануари 2026

Трамп предупреди дека ако Иран „насилно убие мирни демонстранти“, САД „ќе им помогнат“ на демонстрантите

Американскиот претседател Доналд Трамп и водечкиот ирански безбедносен функционер разменија закани денес, во екот на распространетите економски протести во Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа реторика дополнително ги влошува тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран по американското бомбардирање на иранските нуклеарни локации во јуни минатата година.

Според агенцијата Асошиејтед прес, најмалку седум лица загинале за време на демонстрациите во Иран поради лошата состојба на иранската економија, кои вчера се проширија во руралните области на земјата.

Трамп прво на својата социјална платформа Трут соушал го предупреди Иран дека ако „насилно убие мирни демонстранти“, САД „ќе им помогнат“.

Трамп напиша дека САД се подготвени да преземат акција, без дополнителни детали.

Кратко по неговата објава Али Лариџани, поранешен претседател на иранскиот парламент, кој сега е секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, напиша на мрежата Икс дека Израел и САД ги охрабруваат демонстрациите.

Тој не даде докази за да ги поткрепи тие тврдења, кои иранските функционери ги повторуваат постојано за време на протестите кои ја зафатија земјата.

„Трамп треба да знае дека американската интервенција во внатрешен проблем носи хаос во целиот регион и уништување на американските интереси“, напиша Лариџани на мрежата Икс, која вообичаено е блокирана од иранската влада.

„Американскиот народ треба да знае дека Трамп ја започна оваа авантура. Тие треба да се грижат за своите војници“, напиша Лариџани.

Предупредувањето на Лариџани веројатно се однесува на големото американско воено присуство во регионот, оценува АП.

Во јуни, Иран ја нападна воздухопловната база Ал Удеид во Катар по нападите на САД врз три ирански нуклеарни објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ