недела, 14 декември 2025

Трамп пред средбата со Путин: Сакам прекин на огнот веднаш

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не знае што би го направило неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин успешен, истакнувајќи дека сака да види прекин на огнот веднаш, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарите во претседателскиот авион Ерфорс уан што би го направило состанокот успешен, тој одговори: „Не можам да ви кажам тоа. Не знам. Ништо не е фиксирано. Сакам одредени работи. Сакам прекин на огнот“.

Тој рече дека сака брзо да види прекин на огнот.

„Нема да бидам задоволен ако тоа не се случи денес“, додаде тој, нагласувајќи дека ќе бидат вклучени и Европа и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кажа и дека сака убивањето да престане.

Денес, Трамп замина за Алјаска со претседателскиот авион, каде се сретна со рускиот претседател Путин на разговори, како што е најавено, првенствено за прекин на руската војна во Украина.

Тој им мавна на новинарите пред да влезе во авионот и не даде никакви изјави, објавува Би-би-си, а на неговата социјална мрежа Трут соушал напиша само „Високи влогови“.

Белата куќа го објави составот на 16-члената делегација која е со Трамп во Енкориџ. Меѓу нив се државниот секретар Марко Рубио, секретарите за финансии и трговија Скот Бесант и Хауард Лутник, специјалниот пратеник Стив Виткоф и директорот на ЦИА Џон Радклиф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ