петок, 27 март 2026

Трамп повторно му го одложи рокот на Иран, нафтата скокна над 111 долари по барел

Цените на нафтата пораснаа денес на меѓународните пазари над 111 долари, со сомнеж на инвеститорите дека Соединетите Американски Држави и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На лондонскиот пазар барелот се тргуваше попладне за 3,46 долари повисоко од вчерашната цена на затворање од 111,47 долари. На американскиот пазар, беше поскап за 4,08 долари и чинеше 98,56 долари.

На крајот од неделата пазарите го игнорираа повеќекратното одложување на рокот за отворање на Ормускиот теснец од страна на САД.

Во четвртокот американскиот претседател Доналд Трамп повторно го помести рокот што го постави за Иран да го отвори Ормускиот теснец, овој пат за 10 дена.

Ова би значело дека, доколку теснецот не се отвори, САД ќе ја нападнат енергетската инфраструктура на Иран од 6 април.

Израелскиот министер за одбрана Кац изјави дека нападите врз Иран нема да престанат.

По американско-израелскиот напад на Иран на крајот на февруари, Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со Израел и САД и нивните сојузници.

Техеран инсистира дека теснецот не е затворен, истакнувајќи дека транзитот е дозволен за бродови на „пријателски земји“ во координација со иранската морнарица.

Израел и САД повторно нападнаа цели во Иран синоќа, а иранската војска возврати со испукување ракети и беспилотни летала кон Израел и американските бази во земјите од Персискиот Залив.

Блокадата на Ормускиот теснец досега отстрани околу осум милиони барели нафта дневно од пазарот, а многу поголемо количество е во опасност, па додатокот поради геополитичкиот ризик веројатно нема значително да се намали, забележуваат аналитичарите на ИНГ, Ева Мантеј и Ворен Патерсон.

Русија сигнализираше денес дека може да го забрани извозот на бензин.

Забраната ќе стапи на сила на 1 април и ќе важи за сите учесници на пазарот, изјавија за новинската агенција Интерфакс неколку извори запознаени со исходот од состанокот меѓу вицепремиерот Александар Новак и директорите на нафтените компании. Досега, извозот беше забранет само за компании кои не го произведуваат.

Учесниците на состанокот не разговараа за тоа колку долго треба да остане на сила забраната, а еден извор за Интерфакс спомнал максимум три месеци.

Во четвртокот на состанок во Министерството за енергетика Новак каж дека владата треба што поскоро да преземе мерки за да го спречи зголемувањето на цените на горивата на бензинските пумпи и да обезбеди стабилност на домашниот пазар во услови на светската енергетска криза, објави агенцијата ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ