вторник, 13 мај 2025

Трамп повторно ја обвини Украина за започнување на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно, овој пат во интервју за Тајм, ја обвини Украина дека е виновна за започнување на војната.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека Украина никогаш нема да може да се приклучи на НАТО. Мислам дека причината зошто започна војната беше затоа што почнаа да зборуваат за приклучување кон НАТО. Доколку не беше споменато, многу е поголема веројатноста дека воопшто немаше да започне војна“, изјави Трамп во интервју за Тајм по повод првите сто дена од неговиот втор мандат.

Според медиумите, мировните планови за кои Трамп се залага вклучуваат предавање на 20 отсто од територијата на Украина на рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп, исто така, изјави дека „Крим ќе остане руски“, мислејќи на полуостровот што Русија го анектираше во 2014 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјавува дека земјата нема да се откаже од Крим и дека тоа е спротивно на нивниот устав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ