недела, 14 декември 2025

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 отсто за Бразил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 отсто за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 отсто, соопшти денеска Белата куќа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 отсто за бразилските производи што се извезуваат во САД, почнувајќи од 1 август.

Тој ги услови царините, за кои рече дека ќе стапат на сила на 1 август, со третманот на Бразил кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата.

Трамп, исто така, денеска изјави дека разговорите за постигнување трговски договор со Кина напредуваат.

„Мислам дека ќе испадне добро. Одржуваме чекор, мислам дека ќе имаме фер договор со Кина“, рече Трамп, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател денеска потпиша и наредба за воведување царини од 50 отсто за увоз на полупроизводи од бакар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ