„Поштедив добар дел од инфраструктурата во Техеран бидејќи нејзиното обновување, ако се уништи, ќе трае со години“, кажа Трамп во телефонски разговор со Пи-би-ес. „Можев да ги уништам нивните електрани за еден час, но ако го направам тоа, реконструкцијата трае со години и тоа е траума. Затоа се обидувам да избегнувам такви работи“, додаде тој.
Трамп изјави и дека американските сили не ги таргетирале нафтоводите кога го нападнале островот Харг пред неколку дена. „Островот Харг е надвор од функција освен цевководите кои ги поштедив. Не сакав да ги таргетирам цевководите бидејќи, знаете, потребни се години за да се изградат“, кажа тој.
Од друга страна, Иран се закани дека ќе го потоне целиот регион во темнина ако неговата електрична мрежа биде нападната. Иранските власти тврдат дека американските и израелските напади предизвикуваат значителна штета на цивилни локации, вклучувајќи станбени згради, училишта и болници.






