петок, 19 декември 2025

Трамп побара Турција да престане да купува нафта од Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Турција да престане да купува нафта од Русија, пренесе денес Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во Белата куќа му кажа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека прекинувањето на увозот би било „најдоброто нешто“ што Анкара може да го направи. Средбата во Овалната канцеларија заврши без решија за прашањето за санкциите на Соединетите Американски Држави против Турција или продажбата на напредните борбени авиони Ф-35, но Трамп изрази оптимизам.

Турција со години не може да набави американски авиони Ф-35. Во 2020 година Трамп воведе санкции против Турција поради набавката на руски противвоздушни системи С-400, а една година претходно поради ова беше исклучена од програмата во која произведуваше делови за авионот Ф-35.

За време на кратките изјави за медиумите Трамп денес изјави дека сака Турција „да не купува нафта од Русија додека таа го продолжува дивеењето во Украина“.

„Најдоброто нешто што може да го направи е да не купува нафта и гас од Русија“, рече Трамп. Заедно со Индија и Кина, Турција е еден од најголемите купувачи на руски енергенси.

Трамп додаде дека верува дека Ердоган го почитуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, што значи дека тој би можел да има „големо влијание“ врз војната „доколку тоа го сака“, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ