Во писмо испратено вчера до канадскиот премиер Марк Карни се најавува агресивно зголемување на царините од првичното зголемување од 25 отсто, што Трамп го воведе во март по месеци закани.
Трамп наводно вовел високи царини за Канада во обид да ја принуди земјата да се справи со шверцот со фентанил, иако количината што се шверцува е релативно скромна. Тој, исто така, изрази фрустрација од трговскиот дефицит на САД со Канада, кој во голема мера се должи на американските купувања на нафта.
„Морам да напоменам дека протокот на фентанил не е единствениот предизвик што го имаме со Канада, која има многу царински и нетарифни политики и трговски бариери“, напиша Трамп.
Зголемените царини ќе стапат на сила на 1 август.
Писмото е меѓу повеќе од 20-те што Трамп ги испрати оваа недела до трговските партнери на САД, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и Шри Ланка. Како и во писмото до Канада, Трамп рече дека ќе ги воведе тие царини на трговските партнери до 1 август.
Канадскиот премиер Карни одговори на мрежата Икс дека неговата земја ќе продолжи да ги штити работниците и бизнисите во својата земја.
САД веќе воведоа царини од 25 отсто за некои канадски производи. Канада е силно погодена од глобалните царини на Трамп за челик, алуминиум и автомобили. Во моментов постои ослободување од царини од 25 отсто за канадски стоки за усогласување со северноамериканскиот договор за слободна трговија, пренесува Би-би-си.
Не е јасно дали заканата од зголемени царини ќе се однесува на стоките опфатени со Договорот меѓу Канада, САД и Мексико (ЦУСМА).
Трамп воведе глобална тарифа од 50 отсто за увоз на алуминиум и челик и 25 отсто за сите автомобили и камиони кои не се произведени во САД.
Неодамна најави и царина од 50 отсто за увоз на бакар, која треба да стапи на сила следниот месец.
Канада продава околу три четвртини од својата стока на САД, е голем производител на автомобили и водечки снабдувач на метали, американските царини особено ќе им наштетат на тие сектори.
Иако бројни земји добија писма од Трамп оваа недела за зголемување на царините, Канада, вториот најголем трговски партнер на Америка по Мексико, стана предизвик за претседателот на САД. Канада воведе одмазднички царини за американски стоки и ги отфрли провокативните најави на Трамп дека ќе ја претвори Канада во 51-ва американска држава.
Мексико, исто така, се соочува со царини од 25 отсто, но не подлегна на истиот јавен притисок од Трамп, пишува Асошиејтед прес.






