недела, 15 јуни 2025

Трамп пиеше чај со поранешниот лидер на Ал Каеда за чија глава САД нудea 10 милиони долари (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана американска награда од 10 милиони долари, објави Си-ен-ен.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара, некогаш познат по својот милитантен прекар Абу Мохамед ал-Џолани, се сретна со Трамп во Ријад шест месеци откако го собори режимот на Башар ал-Асад, ги протера вооружените групи поддржани од Иран и се прогласи за лидер на земјата.

Во 2013 година, Ал-Шара беше ставен на американската листа на глобални терористи бидејќи беше лидер на сирискиот огранок на Ал Каеда, познат како Фронт Ал-Нусра, и наводно организираше бројни самоубиствени напади низ цела Сирија. Поранешниот џихадист роден во Саудиска Арабија се борел против американските сили во Ирак со години пред да се пресели во Сирија за да го предводи исламистичкиот вооружен бунт со кој беше соборен бруталниот диктатор Башар ал-Асад.

Средбата, која Сирија ја опиша како историска, беше прва средба меѓу американски и сириски претседател по 25 години и се одржа за време на турнејата на Трамп на Блискиот Исток, првата официјална посета во неговиот втор претседателски мандат.

И двајцата се смееја на фотографиите објавени од Белата куќа и саудиското Министерство за надворешни работи, а сириското министерство соопшти дека Трамп ветил дека ќе застане на страната на Сирија во овој клучен момент.

Еден ден претходно, Трамп објави укинување на децениските санкции против Сирија, предизвикувајќи 40-секундни овации од публиката, вклучувајќи го и станувањето на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Според Си-ен-ен, американскиот претседател им рекол на новинарите во авионот Ер Форс Уан дека неговите разговори со Ал-Шара поминале добро, додавајќи дека тој е „одличен“ и „млад, привлечен и цврст човек“ со „силно, многу силно минато“.

Ахмед ал-Шаара, односно Абу Мохамед ал-Џолани, бил истакнат член и командант на Ал Каеда во Ирак, каде што учествувал во вооружени акции против американските сили и бил уапсен и затворен во неколку американски и ирачки логори, вклучувајќи ги Камп Бука и Камп Таџи.

На почетокот на 2010-тите, по наредба на врвното раководство на Ал Каеда, тој основал огранок во Сирија, Џабхат ал-Нусра (Фронт на победата), кој набрзо стана една од најмоќните и најрадикални фракции во сириската војна, директно поврзана со Ал Каеда.

Под негово водство, Џабхат ал-Нусра, а подоцна и Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), вршеле терористички и криминални активности како што се киднапирања, изнуда и напади врз цивили, за што ОН, САД, ЕУ и други меѓународни тела ги прогласија овие организации за терористички.

Иако во 2016 година формално ги прекинал врските со Ал Каеда и се обидел да го преобликува имиџот на ХТС, меѓународните организации сè уште го сметаат за одговорен за бројни злосторства и за терористичкото минато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ