среда, 18 март 2026

Трамп: Осомничениот убиец на Чарли Кирк е во притвор

Постои „висок степен на сигурност“ дека неидентификуваното лице е пукачот, изјави претседателот на САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот убиец на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк сега е во притвор, тврди претседателот Доналд Трамп.

„Мислам дека со висок степен на сигурност го имаме во притвор“, изјави тој за Фокс њуз.

Трамп изјави дека бил информиран за апсењето на осомничениот само неколку минути пред да се појави на телевизија. „Во суштина, некој што бил многу близок до него го предал“, рече претседателот, без да открие дополнителни детали.

Ен-би-си њуз исто така извести дека осомничениот во случајот со сензационалното убиство е приведен, повикувајќи се на високи функционери од редовите на полицијата. Исто така се наведува дека оваа личност ѝ била предадена на полицијата од страна на член на семејството, кој ги видел неговите фотографии објавени од властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ