сабота, 5 април 2025

Трамп: Операцијата е готова, пациентот преживеа

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Трут соушал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Операцијата е готова! Пациентот преживеа и заздравува. Прогнозата е дека пациентот ќе биде многу посилен, подобар и поотпорен од кога било претходно. Да ја направиме Америка повторно голема!!!“, напиша американскиот лидер.

Трамп вчера објави дека воведува царини од 10 отсто на целиот увоз во Соединетите Американски Држави, покрај високите царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата, интензивирајќи ја трговската војна која ја почна по враќањето во Белата куќа.

„Тоа е нашата декларација за независност“, порача Трамп на настанот во градината на Белата куќа. Тој покажа плакат со листата на реципрочни царини, вклучувајќи ги тие од 34 отсто за Кина и 20 отсто за Европската Унија.

Трамп претходно воведе царини од 20 отсто на целиот увоз од Кина и 25 отсто на увозот на челик и алуминиум и ги прошири на производите од тие материјали во вредност од речиси 150 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ