понеделник, 9 март 2026

Трамп: Одлуката за крајот на војната со Иран ќе ја донесеме заедно со Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе биде „заедничка“ и дека ќе ја донесе заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Тајмс оф Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во телефонско интервју Трамп рекол дека двајцата „разговарале“ и додаде дека „одлуката ќе биде донесена во вистинскиот момент“.

На прашањето дали Израел би можел да ја продолжи војната против Иран ако САД одлучат да ги прекинат своите напади, Трамп ја отфрли таа можност.

„Мислам дека тоа нема да биде потребно“, изјави тој.

Трамп, исто така, не сакаше да ја коментира тогаш само можноста Моџтаба Хамнеи да стане нов врховен водач на Иран, кратко изјавувајќи: „Ќе видиме што ќе се случи“.

Претходно, сепак, јасно го изрази своето противење на таа можност.

„Синот на Хамнеи за мене е неприфатлив“, изјави тогаш Трамп.

Во меѓувреме, иранските власти потврдија дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен водач на Иран, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи.

Вашингтон и Тел Авив продолжуваат со координирани воени операции против ирански цели, додека дипломатски извори предупредуваат дека конфликтот би можел дополнително да се прошири ако нападите продолжат.

Истовремено, дел од европските влади повикуваат на деескалација и дипломатско решение, предупредувајќи дека продолжувањето на војната би можело да има сериозни последици за глобалната безбедност и енергетските пазари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ