Нападот се случи во зоната на одговорност на Јужната команда на американската војска (САУТКОМ).
„Утрово, по моја наредба, вооружените сили на САД спроведоа ВТОР кинетички напад врз идентификувани, екстремно насилни наркокартели и наркотерористи во зоната на одговорност на САУТКОМ. Нападот се случи додека венецуелските наркотерористи беа во меѓународни води транспортирајќи нелегални наркотици (СМРТОНОСНО ОРУЖЈЕ ШТО ГИ ТРУЕ АМЕРИКАНЦИТЕ!) кон САД.
Овие екстремно насилни наркокартели ПРЕТСТАВУВААТ ЗАКАНА за националната безбедност на САД, надворешната политика и виталните интереси на САД. Тројца терористи беа убиени во нападот. Во овој напад немаше повредени американски војници.
ЗАПОМНЕТЕ ГО ОВА – АКО ТРАНСПОРТИРАТЕ ДРОГА ШТО МОЖЕ ДА УБИЕ АМЕРИКАНЦИ, НИЕ ВЕ ЛОВИМЕ! Нелегалните активности на тие картели имаа СМРТОНОСНИ ПОСЛЕДИЦИ за американските заедници со децении, убивајќи милиони американски граѓани. НЕ ПОВЕЌЕ.
Ви благодариме на вниманието!!!“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро пред нападот изјави дека неодамнешните инциденти меѓу неговата земја и САД претставуваат „агресија“ на САД, а не тензии меѓу двете земји, за кои рече дека не комуницираат.
Владата на Венецуела објави во саботата дека американски разорувач пресретнал, влегол и заробил венецуелски ловец на туна осум часа во водите на економската зона на латиноамериканската земја во петокот.
Исто така, овој месец, 11 лица беа убиени во американски воен напад на Карибите, а венецуелски брод беше потонат за кој администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека транспортирал нелегални дроги.
Администрацијата на Трамп се обидува да оправда криминален напад врз јужноамериканската земја, рече Мадуро на прес-конференција, додавајќи дека комуникацијата со САД претходно била започната, но сега е целосно „отфрлена“.
„Во тек е агресија од воена природа и според меѓународното право, Венецуела смее да одговори дека ќе го искористи своето легитимно право на самоодбрана“, рече Мадуро.






