понеделник, 8 декември 2025

Трамп: Нетанјаху е воен херој – и јас сум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заслужува статус на „воен херој“ и дека и тој самиот е еден од нив, поради неговата одлука да испрати американски бомбардери во нуклеарните објекти на Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју со радиоводителот Марк Левин, Трамп рече дека тесно соработува со Нетанјаху за ослободување на заложниците и го пофали израелскиот лидер за тоа што е „добар човек и дека се бори таму“.

„Тој е воен херој, бидејќи работевме заедно. Претпоставувам дека и јас сум“, рече Трамп.

Трамп рече дека лично ги наредил воздушните напади врз „силно утврдените ирански нуклеарни објекти“ за време на 12-дневниот оружен конфликт меѓу Израел и Иран, истакнувајќи: „Никому не му е гајле. Јас ги испратив тие авиони“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ