четврток, 29 мај 2025

Трамп: Нема повеќе да ги бомбардираме хутите во Јемен, кажаа дека не сакаат повеќе да војуваат (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп објави денес дека САД „ќе ги прекинат бомбардирањата“ против јеменските хути, кои се поддржани од Иран, откако групата им порачала на Американците дека „не сака повеќе да војува“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе го почитуваме тоа и ќе престанеме со бомбардирањата“, кажа Трамп од Овалната канцеларија, во друштво на канадскиот премиер Марк Карни.

Тој се осврна на американската воена кампања против хутите која трае од средината на март, а почна како притисок врз оружената група да ги прекина нападите врз западните бродови во Црвено Море и нападите на Израел.

„Тие капитулираа, но што е најважно, ќе ги држиме за збор… Велат дека нема повеќе да разнесуваат бродови“, кажа Трамп.

Функционер на американското министерство за одбрана за Си-ен-ен кажа дека на американската војска синоќа ѝ било наредено да ги сопре нападите на хутите.

Израел во последните два дена интензивно го напаѓа јемен откако хутите во неделата испукаа балистичка ракета на главниот аеродром во Тел Авив Бен Гурион.

Изјавата на Трамп доаѓа по интензивните дипломатски активности во последните денови меѓу САД, Оман и хутите, според извори запознаени со ситуацијата. Договорот меѓу САД и хутите за меѓусебно ненапаѓање има цел да создаде момент за обнова на преговорите за иранската нуклеарна програма, тврдат изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ