И покрај ова, Трамп повторно упорно инсистираше на своите тврдења дека Соединетите Американски Држави треба да ја поседуваат големата арктичка територија бидејќи, според него, само САД можат да ја гарантираат нејзината безбедност. „Само Соединетите Држави се во позиција да го обезбедуваат Гренланд“, им кажа тој на светските лидери собрани во Давос.
Трамп кажа дека „бараат итни преговори за повторно преговарање за американска аквизиција на Гренланд “. Тој додаде дека за време на самитот во Давос закажал серија состаноци посветени на таа тема.
Европските членки на НАТО ја изразија својата солидарност со Данска и Гренланд, но Трамп се закани дека ќе воведе царини за противниците на продажбата на арктичкиот остров на Соединетите Американски Држави од 1 февруари со цел да изврши притисок врз нив да го променат својот став.
Американскиот претседател истакна дека ставот на Вашингтон за купувањето на Гренланд не се променил. „Можете да кажете „да“ и ние многу ќе го цениме тоа, или можете да кажете „не“ и ние ќе го запомниме тоа“, заклучи Трамп.






