Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави пораки и слики на социјалните мрежи кои го покажуваат остриот пад на американските берзи, обвинувајќи ги САД за „уништување на меѓународната трговска стабилност“. Во порака до домашната и светската јавност, Кина јасно стави до знаење дека ја смета американската царинска политика штетна и агресивна.
Трамп брзо возврати со објава во која повтори дека САД со години се жртва на нефер меѓународни трговски односи – и дека тоа сега се менува. Во својата објава тој го користи својот вообичаен остар тон, тврдејќи дека ова е историски пресврт:
„Кина е погодена многу потешко од САД. Тие и многу други земји се однесуваа со нас многу лошо. Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но веќе не сме. Ги враќаме работните места и компаниите како никогаш досега. Веќе има повеќе од пет илјади милијарди долари инвестиции и брзо се зголемуваат! Ова е економска револуција и ние ќе победиме!
„Издржете, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски. Америка повторно ќе ја направиме голема!!!“, напиша Трамп.