четврток, 8 јануари 2026

Трамп: Не верувам дека НАТО би бил тука за нас кога навистина би ни требале

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази својот став за НАТО алијансата во долг пост на неговата социјална мрежа Трут соушал. Тој кажа дека се сомнева дека сојузниците ќе застанат во одбрана на Соединетите Американски Држави „ако навистина ни требаат“, но во исто време нагласи дека САД секогаш ќе бидат тука за НАТО, „дури и ако тие нема да бидат тука за нас“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во својата објава, тој не спомена што би значело неговиот став во контекст на неговите претходни закани за анектирање на Гренланд, кој е дел од Данска, една од членките на НАТО.

Трамп ја презема и заслугата за зајакнувањето на НАТО, тврдејќи дека тој ги охрабрил членовите да ги зголемат трошоците за одбрана. Тој, исто така, тврди дека без него „Русија сега ќе ја имаше цела Украина“, и не пропушти остро да го критикува Нобеловиот комитет за тоа што не му ја додели наградата за мир.

Тој додаде дека Америка е обновена под негово водство, „единствената нација од која Кина и Русија се плашат и ја почитуваат“.

Целосната објава на Трамп:

„Запомнете, за сите тие големи обожаватели на НАТО, тие беа на 2 отсто од БДП, а повеќето не ги плаќаа сметките, сè додека не дојдов јас. САД, глупаво, плаќаа за нив! Со почит, ги доведов до 5 отсто од БДП, и тие плаќаат, веднаш. Сите велеа дека не може да се направи, но можело, бидејќи, пред сè, сите тие се мои пријатели. Без мојата вклученост, Русија сега ќе ја имаше цела Украина.

Запомнете, исто така, дека самостојно завршив 8 војни, а Норвешка, членка на НАТО, глупаво одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир. Но, тоа не е важно! Важно е што спасив милиони животи. Русија и Кина немаат никаков страв од НАТО без Соединетите Држави, и се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако навистина би ни требале. Сите се среќни што ја обновив нашата војска во својот прв мандат, и продолжувам тоа да го правам.

Ние секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие не се тука за нас. Единствената нација од која Кина и Русија се плашат и ја почитуваат се САД обновени од ДЈТ. Направете ја Америка повторно голема! Претседател ДЈТ”

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ