петок, 13 март 2026

Трамп: Не сум задоволен од Путин, убива премногу луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека „убива премногу луѓе“. Коментарите дојдоа за време на прес-конференцијата посветена на политиката на Соединетите Американски Држави кон Венецуела и заробувањето на претседателот Николас Мадуро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако потврди дека не разговарал за ситуацијата во Венецуела со рускиот лидер, Трамп неочекувано додаде: „Не сум задоволен од Путин. Тој убива премногу луѓе“. Трамп се осврна и на војната во Украина, изразувајќи жалење за големиот број жртви.

Сепак, тој оцени дека САД не трпат финансиски загуби поради поддршката на НАТО со оружје и муниција. „Веројатно заработуваме пари“, забележа тој. Тој исто така го спомена напредокот во постигнувањето договор за прекин на огнот, велејќи „Мислам дека напредуваме“, но без понатамошно разјаснување.

Американскиот претседател, кој вети дека ќе го реши украинскиот конфликт уште првиот ден од неговиот мандат, уште еднаш ја префрли одговорноста за војната на својот претходник и го повтори тврдењето дека завршил осум војни откако ја презеде функцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ