недела, 13 април 2025

Трамп не се откажува од царините и покрај падот на берзите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да се откаже од царините што ги воведе на многу земји, иако вредноста на акциите на светските берзи продолжи да паѓа поради оваа мерка.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека другите земји ја „искористувале старата добра Америка“.

„Нашите поранешни „лидери“ се виновни што дозволија ова, како и многу други работи, да ѝ се случат на нашата земја. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп.

Трамп инсистира на тоа дека царините што ги воведе на 2 април се неопходни за ребаланс на глобалната трговија и за обновување на производството во САД.

Тој ја обвини Кина дека извршила „најголеми злоупотреби од сите“ и го критикуваше Пекинг за зголемување на царините како одмазда.

Трамп, исто така,  ги повика Федералните резерви и централната банка на САД, да ги намали каматните стапки.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во петокот предупреди дека новите царини би можеле да ја зголемат инфлацијата и додаде дека треба да почекаме и да видиме како ќе се развива ситуацијата пред да донесеме одлука за каматните стапки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ