понеделник, 22 декември 2025

Трамп: Не размислувам да ѝ продадам ракети „томахавк“ на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека не размислува за договор за давање ракети „томахавк“ со долг дострел на Украина за употреба против Русија, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп е претпазлив во однос на планот САД да им продаваат ракети „томахавк“ на земјите од НАТО, кои потоа би ѝ ги предале на Украина, велејќи дека не сака дополнително да ја ескалира војната.

Неговите последни коментари за новинарите на Претседателскиот авион покажаа дека тој сè уште се двоуми, објави Ројтерс.

„Не, не баш“, им рече Трамп на новинарите на летот за Вашингтон од Палм Бич, Флорида, кога го прашаа дали размислува за договор за продажба на ракетите. Сепак, тој додаде дека може да се премисли.

Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараа за идејата за „томахавките“ за време на состанокот во Белата куќа на 22 октомври. Руте во петокот рече дека прашањето сè уште е во фаза на разгледување и дека одлуката зависи од САД.

Ракетите „томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри, доволно за да се нападне длабоко во Русија, вклучително и во Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побара ракетите, но Кремљ предупреди дека секоја испорака на „томахавк“ во Украина би била неприфатлива.

Си-ен-ен на 31 октомври објави дека Пентагон ѝ дал зелено светло на Белата куќа да ѝ обезбеди на Украина ракети „томахавк“ откако проценил дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, оставајќи ја конечната политичка одлука во рацете на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ