Трамп кажа и дека ќе има дополнителни запленувања на танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.
Во вторникот Трамп нареди „тотална блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта кои влегуваат и излегуваат од Венецуела, во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочена кон нејзиниот главен извор на приходи.
Белата куќа не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Во вторникот Трамп објави и дека режимот на венецуелскиот претседател Мадуро е прогласен за странска терористичка организација.
Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Под ембарго од 2019 година, Венецуела ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.
Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека ја користи нафтата за финансирање на „наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања“.






