недела, 14 декември 2025

Трамп: Не би сакал да бидам на состанокот меѓу Зеленски и Путин, тие се како масло и оцет

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не би сакал да присуствува на евентуална средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе видиме дали Путин и Зеленски работат заедно. Знаете, тие се како масло и оцет. Тие навистина не се согласуваат од очигледни причини, но ќе видиме. Ќе видиме дали ќе мора да бидам таму, што не би ми се допаднало“, изјави Трамп, додавајќи дека посакува Зеленски и Путин сами да одржат состанок, пренесува Тајмс.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прави сè што е во нејзина моќ за да спречи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

„Русите прават сè за да го спречат одржувањето на состанокот. Тој состанок е еден од елементите за тоа како да се заврши војната, а бидејќи не сакаат да ја завршат, бараат начини да ја избегнат“, изјави денеска Зеленски.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска за Ен-би-си изјави дека агендата за самитот Русија-Украина не е подготвена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ