недела, 14 декември 2025

Трамп: Наскоро ќе разговарам со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека некои европски лидери ќе ги посетат Соединетите Американски Држави денес и утре за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор со новинарите по враќањето од тенискиот турнир Ју-ес опен во Њујорк, Трамп исто така кажа дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. „Одредени европски лидери доаѓаат во нашата земја поединечно“, додаде Трамп.

Не е познато на кого мисли Трамп, а Белата куќа не одговори веднаш на барањето за дополнителни детали.

Трамп истакна дека „не е задоволен“ од ситуацијата откако новинарите го прашаа за вчерашниот масивен руски воздушен напад во кој беше погодена владината зграда во Киев.

Сепак, тој уште еднаш изрази верување дека војната наскоро ќе заврши. „Ситуацијата меѓу Русија и Украина, ќе го завршиме тоа“, кажа Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ