четврток, 18 декември 2025

Трамп: Нарушувањето на воздушниот простор на Естонија „може да биде голем проблем“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија може да предизвика „големи проблеми“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи на Естонија во Талин рече дека денеска три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во воздушниот простор на членката на НАТО „без дозвола и останале таму вкупно 12 минути“ над Финскиот Залив.

Во кратко соопштение денеска руското Министерство за одбрана рече дека трите МиГ-31 извршувале рутински лет од Карелија, источно од Финска, до аеродром во регионот Калининград, руска енклава што граничи со Полска и Литванија.

Зборувајќи во Овалната соба, американскиот претседател рече дека „ќе ги разгледа“ извештаите.

„Ќе ме информираат за кратко време, па ќе ве известам за тоа вечерва или утре“, рече тој.

Запрашан за неговиот став за ситуацијата, Трамп рече: „Па не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа кога тоа се случува. Може да биде голем проблем“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ