„Имаме вистинска шанса да постигнеме нешто големо на Блискиот Исток. Сите се подготвени за нешто посебно, без притисок. Ќе го оствариме тоа“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.
Нетанјаху, кој зборуваше на заседанието на Генералното собрание на ОН во петокот, утре патува за Вашингтон каде што ќе биде пречекан од Трамп.
Во петокот во ОН, тој ги отфрли тврдењата за израелски геноцид во Појасот Газа, уверувајќи дека „го храни населението“ на палестинска територија и обвинувајќи многу земји дека „попуштиле“ пред палестинското движење Хамас со признавањето на државата Палестина.






