„Да, ќе разговарам со него“, одговори американскиот претседател синоќа на новинарско прашање дали наскоро ќе разговара со Путин.
Вчера, Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека разговорот може да се организира брзо.
„Може да се организира брзо доколку е потребно“, рече Песков, објави РИА новости.
Владимир Путин и Доналд Трамп се сретнаа на Алјаска на 15 август.






