среда, 23 јули 2025

Трамп најави царини од 30 проценти за стоки од ЕУ и Мексико од 1 август

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 30 проценти за увоз на стоки од Мексико и Европската Унија од 1 август, откако неколку недели преговори со клучните трговски партнери не резултираа со договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овие мерки, кои означуваат ново заострување на трговската политика на Вашингтон, ги објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл, пренесува Ројтерс.

Пред неколку дена, дополнителни царини беа објавени и за Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Бразил, вклучувајќи царина од 50 проценти за бакар.

Европската Унија се надеваше дека ќе постигне широк трговски договор со Соединетите Американски Држави, кој би вклучувал укинување на царините за индустриски производи (договор нула за нула), но повеќе месечните преговори беа неуспешни.

Преговорите беа дополнително комплицирани во самата Унија.

Додека Германија се залага за брз договор за заштита на индустријата, Франција и некои други членки предупредуваат дека ЕУ не смее да се согласи на договор што би бил исклучиво во интерес на Соединетите Американски Држави.

Враќањето на Трамп во Белата куќа е обележано со низа нови трговски мерки кои веќе донесоа десетици милијарди долари месечно во буџетот на САД.

Според Министерството за финансии на САД, приходите од царини надминаа 100 милијарди долари во фискалната година што завршува во јуни.

Во исто време, берзите реагираа негативно. Волстрит го заврши денот во минус во петокот, поради растечката загриженост на инвеститорите за последиците што ваквите мерки би можеле да ги имаат врз глобалната економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ