среда, 7 мај 2025

Трамп најави 90-дневна пауза на царините за повеќето земји, но ги зголеми на 125% за Кина

Доналд Трамп најави 90-дневна пауза за повисоките царини за десетици земји, но ги зголеми давачките за Кина на 125%.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката стигна веднаш откако Пекинг возврати на претходното зголемување на царините од Вашингтон.

Претходно овој месец американскиот претседател објави „основна“ тарифа од 10% за сите земји, со повисоки стапки за „најлошите престапници“.

Тој сега вели дека повисоките царини ќе бидат паузирани на 90 дена, а наместо тоа „реципрочната царина“ ќе биде 10 отсто.

Но Трамп рече дека стапката за Кина повторно ќе се зголеми, на 125%, поради „недостигот од почит што Кина го покажа кон светските пазари“.

Во објава на неговата платформа Трут соушл, Трамп напиша дека „врз основа на недостигот од почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ѝ ја наплаќаат на Кина на 125%, што стапува веднаш во сила“.

Тој изрази надеж дека Пекинг ќе сфати дека „дерењето на САД и на други земји повеќе не е одржливо ниту прифатливо“.

Претходно денеска Кина објави царина од 84 отсто за американскиот увоз, откако Доналд Трамп воведе царина од 104 отсто за кинеските стоки што влегуваат во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ