„Би сакал тоа да се случи. Секако“, им кажа Трамп на новинарите во Овалната соба, пренесува Ројтерс.
„Би бил многу задоволен ако новинарите одат таму. И многу е опасно да се биде во таква ситуација, како што знаете, ако сте новинар, но би сакал да го видам тоа.“
Израел не им дозволува на странски новинари да влезат во Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година, освен ако не се придружувани од израелската војска, истакнува Ројтерс.






