Зборувајќи на Националниот молитвен појадок, тој ги обвини медиумите дека буквално ги сфатиле неговите претходни зборови за задгробниот живот. „Само се шегував“, кажа Трамп.
„Навистина мислам дека треба да завршам во рајот. Мислам, не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, додаде тој.
Трамп се осврна и на републиканскиот претставник Томас Маси од Кентаки, кој понекогаш гласа против партиската линија. Тој нагласи дека републиканците обично успеваат да постигнат договор по преговорите – сите, рече тој, освен Маси.
„Без разлика на тоа што правиме, овој идиот, без разлика за што станува збор… Нешто не е во ред со него“, забележа американскиот претседател.
Маси, пратеник склон на либертаријански ставови, го налути Трамп кога кажа дека американскиот претседател нема овластување да ги нападне нуклеарните објекти на Иран без одобрение од Конгресот. Тој гласаше и против големиот закон на Трамп за намалување на даноците и буџетот и побара објавување на документите поврзани со случајот Џефри Епстин.
Трамп зборуваше и за патувањата со авион. Потсетувајќи се на патувањето во Ирак за време на неговиот прв мандат, Трамп кажа дека не сака да спие на долгите летови. „Не спијам во авиони. Не сакам да спијам во авиони“, им кажа тој на присутните на Националниот молитвен појадок.
„Знаете, сакам да гледам низ прозорецот и да набљудувам има ли ракети и непријатели“, додаде тој. За време на долгите меѓународни летови, Трамп често разговара со советниците, објавува содржини на својата социјална мрежа и оди во делот за медиуми во авионот за да одговара на прашања на новинарите.






