четврток, 14 август 2025

Трамп на митинг: Демократите ме мразат, ама ги мразам и јас нив (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на митинг во Де Мојн, Ајова, Трамп го коментираше тоа што демократите не го поддржаа неговиот закон, кој тој го нарекува „голем, прекрасен закон“. Во таа прилика тој кажа: „Тие го мразат Трамп, но ги мразам и јас нив, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека тие ја мразат нашата земја“.

Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, „луд комунист“.

Вчера, Конгресот го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ