Администрацијата на Трамп презеде мерки против неколку универзитети кои ги обвинува за промовирање левичарска политика, прекинувајќи им го финансирањето и обидувајќи се да ги запре нивните програми како што се иницијативите за разновидност.
Властите ги наведоа пропалестинските протести на кампусите и наводите за толериран антисемитизам како причини за пресметката.
Критичарите велат дека администрацијата на Трамп ги користи овие наводи за да изврши притисок и да ги казни институциите кои не се согласуваат со ставовите на владата.
За разлика од другите универзитети, Харвард одби да исполни многу од барањата на администрацијата на Трамп. Како резултат на тоа, изгуби милијарди федерални субвенции.
Зборувајќи со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека сака Харвард „повторно да биде одличен“, но дека „мора да се однесува пристојно“.
„Харвард се однесува кон нашата земја со големо непочитување, а со сè што прават тонат сè подлабоко и подлабоко“, рече тој.
Тие сакаат да покажат колку се паметни, а само добиваат удари, додаде Трамп, буквално велејќи дека добија „клоца во задникот“.