четврток, 12 јуни 2025

Трамп му забрани на Харвард запишување странски студенти

Владата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука да му го одземе на Харвард правото да запишува меѓународни студенти, дополнително заострувајќи го конфликтот со најстариот американски универзитет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е предупредување“

Министерката за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави, Кристи Ноем, објави дека владата го повлекла сертификатот на Харвард за учество во програмата за студенти и размена поради, како што таа го нарече, „непочитување на законот“.

„Ова нека биде предупредување за сите универзитети и образовни институции низ целата земја“, рече Ноем.

Харвард ја нарече одлуката „нелегална“ во кратко соопштение до медиумите. Според официјалните податоци на универзитетот, во последната академска година на Харвард биле запишани речиси 7.000 странски студенти, што претставува 27,2 проценти од вкупниот број студенти.

Конфликтот Трамп-Харвард

Администрацијата на Трамп минатиот месец замрзна повеќе од 2,2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, откако универзитетот одби да исполни листа барања на Белата куќа, вклучувајќи и „борба против антисемитизмот“. Тие го обвинија Харвард за непочитување на законот, дозволување пропалестински протести и ширење култура на привилегии, додека универзитетот го оцени потегот како нелегален обид за политичко мешање во академската автономија.

Спорот ескалираше откако Белата куќа побара промени во управувањето, вработувањето и запишувањето, вклучително и елиминирање на програмите за различност, вработување државен ревизор и пријавување на студенти како „непријателски настроени кон американските вредности“.

Харвард ги отфрли условите и порача дека нема да се откаже од својата независност, по што започна правна битка против владата, обвинувајќи ја за напад врз слободата на говорот и академската слобода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ