недела, 7 декември 2025

Трамп му се заканува на Би-би-си со тужба од милијарда долари

Доналд Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од милијарда долари и ѝ даде рок на британската јавна радиотелевизија до петок да ги исполни неговите барања. Како што наведоа адвокатите на Трамп во писмо во кое имала увид американската телевизија Ен-би-си њуз, причината за тужбата е наводното злонамерно уредување на говор на поранешниот претседател во документарец на Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото ѝ е даден рок на Би-би-си до петок, 14 ноември во 17:00 часот по источно време (22:00 часот по британско време) да „го исполни“ барањето. Во спротивно, се наведува, ќе следи правна битка.

„Претседателот Трамп нема да има друг избор освен да ги оствари своите законски права, вклучително и за поднесување барање за отштета во износ од најмалку 1.000.000.000 долари (една милијарда долари). Би-би-си е известена“, се вели во меморандум од правниот тим на Трамп.

Адвокатите на Трамп бараат корекција на спорниот материјал. Портпаролот на неговиот правен тим е јасен во изјавата за Ен-би-си: „Би-би-си го оцрни претседателот Трамп со намерно и измамничко уредување на својот документарец за да се обиде да влијае на претседателските избори. Претседателот Трамп ќе продолжи да ги смета за одговорни оние кои се вклучуваат во лаги, измами и лажни вести“.

Од друга страна, Би-би-си објави краток и одмерен одговор: „Ќе го разгледаме писмото и ќе одговориме директно навреме“, изјави портпаролот за Ен-би-си њуз. Белата куќа ги упати барањата за коментар до надворешниот правен тим на Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ