понеделник, 15 декември 2025

Трамп му се закани на рускиот претседател со строга казна: Разочаран сум од Путин, му го скратувам рокот! (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека го скратува претходно утврдениот рок од 50 дена што ѝ го даде на Русија за постигнување договор во врска со војната во Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Разочаран сум од претседателот Путин, многу сум разочаран“, изјави Трамп пред новинарите пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тарнбери, Шкотска.

„Ги скратувам 50-те дена што му ги дадов – на помал број.“

Трамп изјави дека често разговарал со Путин, додавајќи: „Имавме разговори“.

Пред две недели, Трамп објави дека му дал на Путин рок од 50 дена да постигне договор со Украина или ќе се соочи со последици.

„Ќе воведеме многу строги царини ако не постигнеме договор за 50 дена“, изјави Трамп тогаш, наведувајќи дека царините ќе бидат наметнати без согласност на Претставничкиот дом или Сенатот на САД.

„Царини од околу 100 отсто, би ги нарекле секундарни царини. Знаете што значи тоа.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ