Трамп и Петро со месеци се во жесток судир, додека администрацијата ја засилува кампањата на притисок врз Колумбија, вклучително и закани од Трамп за воена акција против земјата и воведување санкции против претседателот и членовите на неговото семејство.
„Ние го сакаме колумбискиот народ … но нивниот нов лидер е проблематичен човек и подобро да се пази“, им изјави Трамп на новинарите во понеделникот навечер.
„Во Колумбија произведуваат кокаин, и тој не им е пријател на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп, тврдејќи дека латиноамериканската земја има најмалку три големи фабрики за кокаин.
„Знаеме каде се, подобро брзо да ги затвори.“
Белата куќа не одговорила веднаш на барањето на Аксиос за коментар.
Колумбискиот претседател беше избран во 2022 година, станувајќи првиот левичар што ја води земјата.
Колумбија историски им беше близок сојузник на Соединетите Американски Држави, но односите се влошија под водството на Петро, кој му е сојузник на венецуелскиот лидер Николас Мадуро.
Петро во септември го обвини Трамп за кршење на „основачките принципи“ на Обединетите нации, откако Стејт департментот соопшти дека ќе му ја одземе визата на колумбискиот претседател.
Еден месец подоцна тој тврдеше дека администрацијата на Трамп бомбардирала колумбиски брод со цивили за време на неодамнешна операција против наводни шверцери на дрога крај брегот на Венецуела.






