среда, 2 април 2025

Трамп му се закани на Иран со бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини ако Техеран не постигне договор со Вашингтон околу својата нуклеарна програма. Во интервју за Ен-би-си њуз, Трамп кажа дека американски и ирански функционери разговарале, но не даде детали за разговорот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако не склучат договор, ќе има бомбардирање. А постои и шанса, ако не склучат договор, да им наметнам секундарни царини, како што направив пред четири години“, порача Трамп.

Во својот прв мандат од 2017 до 2021 Трамп ги повлече Соединетите Американски Држави од договорот од 2015 склучен меѓу Иран и светските сили, со кој беа поставени строги ограничувања за нуклеарните активности на Техеран во замена за ублажување на санкциите.

Но сега Трамп повторно воведе опсежни американски санкции, а Исламската Република од тогаш поприлично ги надмина договорените граници за растечката програма за збогатување ураниум. Техеран досега го игнорираше предупредувањето на Трамп за потреба од склучување договор бидејќи во спротивно би се соочил со воени последици.

Иран преку посредство на Оман испрати одговор на писмото на Трамп во кое го повикува Техеран на склучување нов нуклеарен договор, кажа во четвртокот иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повторно ја отфрли можноста за директни преговори за нуклеарната програма на својата земја со американската влада.

Иран не е против директни преговори, кажа Пезешкијан, но САД прво мора да ги изменат и поправат своето „лошо однесување“ од минатото и истовремено да создадат нови темели за воспоставување доверба, ја пренесува неговата изјава новинската агенција ИСНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ